
Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во центарот на Вевчани, вчера заврши годинашното издание на Вевчански карневал.
Во фокусот и на годинашното карневалско издание беа актуелните состојби во земјава и светот. Мигрантски кампови во земјава, политичката состојба во државата, инвестициите во Дубаи, запирањето на нафта и пари од САД за Куба…
Креативните вевчанци на сатиричен начин ја претставија виртуелната министерка во Албанската влада, а не ги заборавија ниту претседателите на Русија, Владимир Путин и на САД, Доналд Трамп. Во Вевчани „дојде“ и „Шареното племе“ од Африка да го избрка злото.
Големо внимание привлече групната маска во кампањата за локалните избори на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски.
Еве како изгледа „Максим Димитриевски од Вевчани“:

Фото: Вевчански карневал/Фејсбук