Еве како изгледа еден просечен скопјанец кога е на одмор во Охрид

Не се сакаат, но сепак не можат едни без други. Скопјани сакаат да уживаат во убавините на македонскиот бисер Охрид, а охриѓаните ги сакаат парите на скопјаните.

Препукувањата помеѓу скопјаните и охриѓаните постоеле уште многу одамна, а постојат и денеска. Во текот на летниот период, многу често се случуваат и тепачки и караници.

Скопјани многу често знаат да ја користат реченицата „Охрид е убав, ама вие охриѓани сте лоши“, додека пак охриѓани ја користат „скопјани нека не доаѓаат, само нека ни‘ пратат пари по пошта.“

Охриѓаните не дозволуваат некој да дојде на нивна територија, а да зборува лошо за нив. А скопјаните обично гледаат од висина и секогаш бараат ситници за која да се закачат. И се, се врти така во круг.

По социјалните мрежи има голем број на групи, каде постојано се препукуваат и се докажуваат, дали Скопје или Охрид се поубави или пак какви се скопските или охридските девојки и момчиња.

По се изгледа, овие препукувања нема да престанат, а и скопјани и охриѓани мора да признаат дека сепак не можат едни без други. 

Еве што напишал еден просечен охриѓанин, за просечен скопјанин:

1. Стани во 4 сабајле и оптегни пешкирите за да зафатиш 6 лежалки задолжително во прв ред – 2 на сонце, 2 на сенка и 2 за секој случај. После врати се во кревет и спиј до 12 на пладне.

2. На просечен Скопјанец му требаат 10 квадрати на плажа – 5 за пешкирот и 3 за апостолките и 2 за резерва.

3. Ќе си понесеш лаптоп, ајпод, ајфон, камера и задолжителен апарат. Треба ли да ставиш слика на Фејсбук за сите да знаат кај си. Нормално дека треба. Во живо од плажа во Охрид … :)))

4. Ако немаш чадор за сонце, намести се така што чадорот на комшиите да те покрива тебе после ручек. Не си ти крив што не испланирале. И нормално, ако планираат да го поместуваат, да – треба да почнеш да ц’цкаш и да префрлаш индиректно.

5. За деца до 12 години нема потреба да се инвестира во купаќи. Деца се.

6. Децата најдобро се повикуваат да излезат од вода од 200-250 метри, со јака децибелажа.

7. Ако не излезат, најдобро е тука на лице место да ги истепаш. Да се види кој е вистински родител.

8. Задолжително купете од крофните што ги шитка крофнарот и ги допекува на сонцено цел ден. Освен крофна без лубеница на плажа не се може, а корите да се остават покрај кантата. И праските исто. Да не се мачат осите да влегуваат во кантата. Не за друго, бидејќи Скопјани не ги сакаат Охриќани, па да им направат штета.

9. Цигарите најубаво се гасат збрцани у песок или под камењата, во зависнот на која плажа се сместени. Со кармин на пикавецот, да се знае која е госпоѓа на плажа.

10. Свекрвата најубаво се оговара на плажа и тоа со новата пријателка од Битола која лежи 5 лежалки подалку од твојата.

11. Ако не ти е сменета постелнината сабајлето, на рецепција се правиш пуздер! Зашто дома секој ден ја мењаш. Или ако се во приватен смештај цело време наоѓаат некој маани кај сопствениците.

12. Пиво се пие, ама купено од продавница, бидејќи скапо им е од плажа шанковите.

13. Кога ручаш, децата треба да трчаат наоколу по другите маси и хистерично да се дерат. После да заспијат поубаво.

14. Ако ти заѕвони мобилен, викај погласно, зашто те бараат дури од Скопје, па не се слуша. Обавезно раскажи кај сте, што праите, колку ви е јако.

15. Купачите најубаво се сушат оптегнати на чадорот за сонце горе.

16. Некој одат после 18 часот на плажа за да не платат паркинг.

17. Не си бил во Охрид на одмор ако не купиш магнет од Свети Наум или од пристаниште.

18. Кога цел хотел ќе си легне, искачаш на балкон и играш јамб или табла со пластични коцки до 4 сабајле, а оние во приватен смештај прават галама колку можат повеќе.

19. Колите ги паркираат на 5 километри од центарот за да не платат паркинг.

20. Оние кои се во приватен смештај или имаат соптвен стан, за јадење купуваат речиси се од Скопје и го носат во Охрид.

21. Обавезно од некоја плажа, ресторан или кафуле, ја слика и објавува сметката на социјалните мрежи, и колку може ги хејта Охриѓани.

22. Навечер само шетаат покрај пристаниште, нема седнување во угостителски објект.

23. И за крај, како и секогаш познатиот моабет, не идам повеќе во Охрид, цело Скопје е таму!

Напишано од: Типичен Охриѓанец

Сите денешни вести прочитајте ги тука.