Еве како до 19 слободни денови за Велигден

Бидете брзи и дури во понеделник израдувајте се себеси и најблиските. Прочитајте убаво како може да дојдете до 19 слободни денови за време на најголемиот христијански празник – Велигден.

Сите знаеме дека слободни денови имаме само во понеделник и петок. Меѓутоа, имаме решение и за тие кои сакаат да одморат малку повеќе. Малку? Како ви изгледаат цели 19 дена одмор? Веројатно повеќе од испланираното!

ШТО ТРЕБА ДА НАПРАВИТЕ?

Според официјалниот календар имаме 4 слободни дена во април ( 14, 15,16 и 17) и 1 во мај.

Велики петок (14-ти април) е првиот неработен ден, потоа следува Велика сабота (15-ти април), па Велигден (16-ти април) и на крај Велики понедленик (17-ти април). По овој “мини одмор“ потребно е да земете 4 дена одмор (18, 19, 20 и 21), по што доаѓа викенд за кој би требало да сте слободни.

Потоа треба да земете уште 5 слободни денови (24,25,26,27 и 28), по што повторно доаѓа викенд. После тој викенд доаѓа 1-ви мај што е всушност уште 1 неработен ден. 

Кога се ова ќе се собере заедно, добивате 19 дена врзани слободни денови, а сте искористиле само 9 работни денови од годишниот одмор. Ова значи дека и во текот на летото може да земете 2 недели одмор кои ќе ги поминете на море.