Еве каде може да пријавите неправилности при работењето на ЈП „Градски паркинг“-Скопје

ЈП „Градски паркинг“-Скопје до крајот на месецов ќе ја реализира кампањата под мотото „Не молчи, пријави! Заедно против неправилностите!“.

Истата е со цел подобрување на услугите според потребите на корисниците на паркинг просторот со кој стопанисува претпријатието. 

Неиздадена фискална сметка, несоодветно однесување на вработен, корупција и слично, може да пријавите телефонски, со повик на 0800 11 300 или писмено на емаил: infogradski@gradskiparking.com.mk.

- Сакаме да ја запознаеме јавноста дека ЈП „Градски паркинг“ нема да толерира несоодветно, неетичко, корумптивно или било какво друго незаконско однесување. Раководството на претпријатието се стреми кон подобрување на услугите, кон поголема транспарентност во работењето, поголема ефикасност и кон зголемување на довербата кај корисниците на услуги.Секое пријавување ќе биде детално проверено и секаде каде што ќе има основ ќе се преземат соодветни мерки за санкционирање, вели првиот човек на претпријатието Бојан Христовски.

Анкетите коишто можат да се најдат на наплатните пунктови, по пополнувањето, сите корисници на паркинг услугите, ќе можат да ги остават во кутија која ќе биде поставена на истото место на сите затворени паркинзи како и катните гаражи.