Еве каде може да пријавите бездомно куче за хуман третман во Лајка

Од ЈП Лајка-Скопје потсетуваат дека преку електронската апликација  може да пријавите бездомно куче за хуман третман во прифатилиштето.

Приоритет ќе имаат кучињата кои се скучни, повредени, проблематични и кучки за стерилизација, со цел спречување пораст на популацијата на бездомни кучиња на улиците во градот Скопје. 

Инаку проблемот со кучињата скитници и натаму е актуелен меѓу скопјани. Секојдневно во полицискиот билтен има пријави за каснувања од улични кучиња. 

Ова е апел, да бидеме хумани кон животните, и да пријавме за нивно згрижување и хуман третман од страна на надлежните.