Еве каде ќе нема вода денеска во Скопје

Од ЈП Водовод и канализација-Скопје известуваат дека денеска:

- поради дефект на затворач ф-300мм на Женевска 45, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од ул. Женевска, Осло и дел од населба Долно Нерези. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со работните активности. 

-поради уличен дефект ф-150мм на Перо Наков 106 (во близина на Бриколаж), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од населба Ќерамидница, вклучително објектите на Бриколаж и Бонум. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот.

-поради промена на два шибери од Ф-250 мм на ул.Благоја Стефковски бб во населба Маџари, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул.Благоја Стефковски, Дончо Штипјанчето, Жан Жорес, нас. Хиподром и с.Трубарево. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување.