ЕУРОСАИ: Скопјани дишат загаден воздух 162 дена во годината

Во зимските месеци, од изминативе неколку години, загадувањето во главниот град со сигурност стана проблем број еден за жителите. Скопјани на големо купуваат заштитни маски, прочистувачи на воздух за во домовите, а освен штетното влијание на здравјето, високото загадување претставува и дополнителен товар за буџетот на скопјани.

Проблемот или „непријателот“ бр.1 за жителите го потврдуваат и податоците на ревизорскиот извештај ЕУРОСАИ, кој вели дека скопјани дишат загаден воздух 162 дена во годината.

Кога година по година како решение за загадувањето се нудат мерки кои за сега немаат големи ефекти, останува на самите граѓани да најдат начин за да се заштитат од загадувањето и штетните последици од него по нивното здравје.