ЕУРО 2020 РАКОМЕТ: Македонија со победа против репрезентација на Украина

Македонската ракометна репрезентација одлично го стартуваше Евопското првенство кое денес започна во Виена, Австрија. Во првиот меч против Украина, Македонската репрезентација победи со резулат 26:25.

Иако, веројатно, на теренот е напорно и тешко, од страна делуваше дека македонските ракометари без голем напор се справуваа со украинските колеги. Првиот исчекор го направија по 15-тина минути игра, кога водеасо 6-3. Украина се враќаше и намалуваше на еден негатива, но Македонија повторно се одлепуваше до највисоки четири позитива, најмногу благодарение на Никола Митревски.  Неизвесноста се зголемуваше кон крајот на второто полувреме кога Украинците израмнија со резултат 22-22.

По водството од 23-22,  нашите репрезентативци успеа натпреварот да го завршат со разлика од еден гол.  

Денешниот натпревар беше брилијатен за голманот Никола Митревски кој блесна во вистинско светло.  Последниот, решавачки гол го во последната секунда од натпреварот го постигна Кирил Лазаров.