ЕУ мора да се подготви сега за случајно влошување на состојбата со ковид-19, рече Стела Киријакидес

Комесарката на Европската комисија за здравје и безбедност на храна, Стела Киријакидес, ги повика 27-те земји-членки на Унијата да го искористат летото за да се подготват за нов бран на инфекции со коронавирус во есен и зима.

„Имајќи предвид можно влошување на епидемиолошката состојба, од клучно значење е да се задржи будноста“, рече Киријакидес.

Киријакидес повика на зголемени напори за примена на првите дози и дополнителни вакцини (т.н. бустери), потоа за подготовка на идната кампања за вакцинација против варијанти на омикрон и за следење и тестирање во текот на целата година.