„Етичност, вредности и хуманост“ во ООУ „Круме Кепески“

Во рамки на Отворениот ден за граѓанско образование, учениците од ООУ „Круме Кепески“ од Кисела Вода одржаа работилници преку кои ја развиваа граѓанската и демократска свест.

По ова, децата на Отворениот ден кој се одржа на тема: „Етичност, вредности и хуманост“ пред присутните дискутираа и ги презентираа своите мислења. На крајот, тие истакнаа дека слободното изразување е основен услов за промени и напредок на заедницата.