Етерични масла и нивното влијание на нашето расположение

Одредени етерични масла помагаат против напнатоста, стресот и негативното расположение. 

 

Кога станува збор за стресот и негативните мисли, постојат многу начини да си помогнеме себеси пред да биде предоцна. Постојат техники за дишење, музика за опуштање, јога, посета на психолог, но и етеричните масла имаат огромна моќ во ослободувањето од стресот.

Се препорачува внимателно вдишување на овие масла со техника на длабоко дишење. Потребни се само 1-2 капки неколку пати во текот на денот, кои делуваат смирувачки на умот и телото.

Стрес и напнатост

Во овој случај, етеричните масла се препорачуваат во комбинација со техниките за дишење односно инхалација, микрораспрснувач, масажа на целото тело и купка. Маслата кои помагаат се оние мирис на мандарина, роза, сандалово дрво, иланг иланг, портокал, јасмин, пачули, темјан и тн.

Особено корисно е маслото од бергамот кое го подигнува расположението, смирува и ни носи чувство на рамнотежа и среќа. Идеално е за сите состојби поврзани со стресот, како и емоционална нерамнотежа, а го олеснува и проблемот со несоница.

Анксиозност

И кај оваа состојба,  етеричните масла се препорачуваат во комбинација со техниките за дишење односно инхалација, микрораспрснувач, масажа на целото тело и купка. Маслата кои се корисни се камилица, мандарина, лимонова треба, босилек, роза, лаванда и јасмин.

Лавандата е едно од најмоќните масла за победа на анксиозноста бидејќи делува смирувачки на телото и умот и ни помага да ги смириме негативните емоции. Таа е толку моќна што нејзиното подолготрајно користење помага и кај ситуации на раздразливост, трауми и силни чувства на фрустрации и стрес.

Депресија

Најдобро е да се користи редовна инхалација, но и купка барем два пати неделно. Препорачаните етерични масла за оваа намена се жалфија, ружино дрво, лаванда, камилица, иланг иланг, бергамот, нероли, вербена.

Вербената е моќен антидепресив и седатив. Таа го намалува стресот, немирот, нервната исцрпеност и чувството на апатија. За некои луѓе е толку моќна што помага и во соочувањето со трауми и лоши спомени од минатото.