Етеми: Аеродром нема пари да нè обесштети, зградата кај „Мајчин дом“ ќе ја градиме

По двонеделни преговори за трајно стопирање на градбата кај „Мајчин дом“, сопственикот на парцелата, Фатмир Етеми, нема надеж дека Општина Аеродром ќе го обесштети, објави Макфакс. 

„Општина Аеродром нема пари да ме обесштети. Буџетот е празен, сега се градат пет згради таму, а порано се градеа сто. Ние го полневме буџетот“, вели Етеми.

За да излезе во пресрет на барањата на граѓаните кои не сакаат таму да има зграда, вели дека е подготвен да преговара уште неколку недели во кои ќе ги убеди жителите дека зградата нема да влијае на загадувањето на Аеродром и дека ќе биде украс во oпштината, за потоа да продолжи со градење.