ЕСМ до Регулаторната комисија за енергетика поднесе барање за промена на максималниот регулиран приход и цена за 2024 година за дистрибуција на топлинската енергија.
Се наведува дека се бара зголемување на трошокот за гориво за 2024 година во износ од 12,92 отсто.
„Со поднесеното Барање, Друштвото за дистрибуција на топлинска енергија ЕСМ ДИСТРИБУЦИЈА НА ТОПЛИНА ДООЕЛ Скопје бара промена на прогнозираниот трошок за набавка на енергија за 2024 година и предадените количини на топлинска енергија. Со поднесеното барање Друштвото бара зголемување на трошокот за гориво за 2024 година во износ од 12,92%“, се вели во барањето на ЕСМ до РКЕ.