Со доаѓањето на есента, некако природно почнуваме да поминуваме повеќе време дома. Утринските кафиња траат малку подолго, вечерата повторно станува семеен ритуал, а кујната е место каде што не само што подготвуваме храна и зимници, туку го поминуваме времето заедно. И токму тогаш сфаќаме колку многу значи кујната да биде простор во кој готвењето е едноставно, практично и пријатно.
За оние кои сакаат да експериментираат со нови рецепти, но и за оние кои едноставно сакаат топол домашен оброк без непотребно губење време, современата технологија може значително да го промени искуството во кујната.
Еден таков пример е индукциска плотна на Miele која комбинира минималистички дизајн со технологии создадени за полесно, попрецизно и повкусно готвење. Моделите KM 8000 располагаат со четири зони за готвење, вклучувајќи ја и PowerFlex зоната, која се приспособува на различни садови и овозможува истовремено готвење до шест различни садови.

Особено практична е кога готвите повеќе работи истовремено – додека на едната страна се подготвува сосот за пастата, на другата може да се вари супа, а PowerFlex зоната да се искористи за поголем сад, на пример за подготовка на болоњезе со поголема количина мелено месо. Со функцијата Booster, загревањето е уште побрзо, што е особено корисно во оние денови кога ручекот треба да биде готов „веднаш“.
А есента е токму таква сезона повеќе готвење, повеќе топли јадења и повеќе моменти околу масата, Но, можеби најголемата разлика не е само во брзината. Индукциското готвење овозможува попрецизна контрола, додека стакло-керамичката површина се чисти лесно и брзо. Miele плотната има и препознавање на садовите, сигурносно исклучување, заштита од прегревање и индикатор за преостаната топлина – детали кои секојдневното користење го прават поедноставно и посигурно.
И токму во тоа е разликата меѓу кујна во која само подготвуваме оброк и кујна во која сакаме да поминуваме време. Затоа што добрата кујна не мора да биде најголемата просторија во домот за да стане центарот на секојдневието. Понекогаш доволно е да имате технологија што ви го олеснува готвењето, повеќе простор за експериментирање и малку повеќе време за луѓето со кои сакате да го споделите оброкот.
Оваа есен можеби е вистинскиот момент повторно да ја откриеме убавината на домашното готвење – без брзање, со омилените рецепти и со кујна во која секојдневните обврски стануваат малку попријатни.