Есенските цветови почнаа да го красат Скопје (фото)

Деновиве низ парковите и булеварите во градот можете да ги забележите нашите екипи како ги обојуваат тревните површини со нов есенски расад.

Тие најпрво го припремаат теренот, со отстранување на летниот расад, поткопување и порамнување, а потоа му даваат нова живост и бои со разни цветови прикладни за ова време од годината.