Eсенски Моден викенд во Скопје

Претстојниот есенски Моден викенд Скопје чиишто ревијален дел ќе се одржува од 30 октомври до 1 ноември во „Скопје Мериот Хотел“ ќе донесе 12 нови колекции презентирани под мотото на четиринаесеттата сезона „Talent is the new sex“...

На 28 октомври, на модните вечери ќе им претходи забава во „Distrikt Bar&Kitchen“ на која гостите ќе се забавуваат со Models DJ-sets и Андреј Мицајков/Антена 5 , со официјалната водка „Absolut“.

Сезоната есен-зима 2016/2017 на 30 октомври, ќе ја отвори колекцијата „The Great Beauty“ на Јована Филиповиќ, по што ќе дебитира „Papaz“со колекцијата "Враќање на антихеројот" поддржани од Министерство за култура на Република Македонија". Потоа публиката ќе ја види најновата колекција на уникатен накит на „Sigma Jewelry“. Крајот на првата вечер ќе го заокружи колекцијата на Филип Тренчовски наречена „Birds of Pray“.

Втората вечер ќе започне со ревијата на студентите кои се под менторство на дизајнерката Лидија Георгиева од „Институтот за дизајн и инжењеринг на текстил“ на Технолошко- металуршкиот факултет при УКИМ во Скопје. Ќе следуваат ревиите на Дејан Тодоровиќ со колекцијата "Look@me", „Elize Paris“ и Олгица Ѓоргиева која ќе ја претстави колекцијата „Touch of my soul".

Последната трета вечер публиката ќе ги види колекциите на курсистите по моден дизајн од Центарот„Кариера Плус“ : Радица Лазова, Оливер Атанасов,Ева Заева, Асмира Абази и Ивана Арсовска, под менторство на Ирина Тошева. Вечерта ќе продолжи со Марија Трајанова и нејзината колекција „ Million voices“, модниот перформанс на Ена Зафировска поддржана од „Пакомак“ и нејзините креации под името „ Black Feedback“.

Четиринаесеттиот Моден викенд Скопје ќе се затвори со ревијата на Ирина Тошева поддржана од „Avicena“.