Есенски крос во Гази Баба - учествуваа повеќе од 300 ученици

Во Општина Гази Баба се одржа есенски крос во кој учествуваа повеќе од 300 ученици од општинските основни училишта во Гази Баба.

Присутен беше и градоначалникот Бобан Стефковски, кој ја искажа поддршката за ваквата организација и ги пофали наставниците по физичко и здравствено образование.

-Утрово имав чест да присуствувам на еден прекрасен спортски крос, организиран од страна на Сојузот на училишен спорт Гази Баба за учениците од општинските основни училишта на територија на општина Гази Баба. На кросот учествуваа повеќе од 300 ученици кој трчаа на различни далечини. Со овој крос ги започнуваме спортските активности кои се организираат во рамки на Сојузот на училишен спорт Гази Баба за новата учебна година. Им честитам на наставниците по физичко и здравствено образование за одличната организација на настанот, а на учениците кои постигнаа најдобри резултати им честитам за успехот - напиша Стефковски на Фејсбук.

Тој додаде дека како градоначалник и во следниот период ќе дава, како што рече, силна и недвосмислена поддршка на Сојузот на училишен спорт, бидејќи таа поддршка е за учениците од општинските основни училишта во Гази Баба.