Во подготовката нема ништо комплицирано - ваше е само да ги измешате состојките во тесто и да испечете.
Состојки:
100 гр ореви
150 гр лешници
40 гр мелен рогач
Три белки
120 гр засладувач (агаве, малтекс или мед)
Путер
Подготовка:
Исецкајте ги оревите, а лешниците измелете ги и измешајте ги со рогачот. Изматете ги белките, па ставете го течниот засладувач. Во смесата ставете ги и оревите и смесата со лешници.
Тестото префрлете го во калап премачкан со путер и печете 30 минути на 180 степени.