Есенски колач со јаболка и ореви

Комбинацијата на јатки и јаболка е неповторлива за ладните денови, а ако на тоа додадете и ванила, рум и џем од кајсии, веќе го имате десертот на сезоната.

Состојки:

2 јајца
200 гр шеќер
200 мл масло
200 мл млеко
200 гр мелени ореви
200 гр пченични никулци
200 гр остро брашно
2 рендани јаболка
Еден прашок за пециво
Еден ванилин шеќер
Малку рум
50 гр џем од кајсии
50 гр сецкани ореви

Подготовка:

Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилиниот шеќер, ставете масло и млеко, измешајте, па додајте уште мелени ореви, гриз, брашно и прашок со пециво. 

Настрана ренданите јаболка измешајте ги со рум, па ставете ги во тестото и излијте го во тава за печење. Во поголема тава ќе добиете потенок колач, а во помала, посочен. 

Печете на 190 степени околу 35 минути или додека дрвеното стапче не излезе целосно суво при проерката. 

Премачкајте со џемот од кајсии и посипете со цекани ореви.