Есенски ден - облачно со повремен слаб дожд

Понекаде во котлините ќе се задржи магливо и ќе има умерена до значителна облачност. Врнежите преку ноќта краткотрајно ќе престанат, а ветерот ќе намалува со интензитетот, но ќе остане јужен.

Наутро понекаде по котлините магливо. Преку денот значително облачно со повремен дожд поинтензивен во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.

Во Скопје наутро со услови за слаба магла, а преку денот ќе биде претежно облачно со услови за повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне 8 степени.

Ќе дува умерен до повремено засилен ветер од југоисточен правец особено изразен во недела. Температурите ќе бидат во пораст, особено за време на викендот кога ќе има и сончеви периоди. Пообилни врнежи ќе има во текот на ноќта кон понеделник и во понеделник претпладне.