За многумина токму есента е најубавото годишно време. За тие што сакаат да прошетаат по конфетите од жолти лисја токму сега е вистинското време.
Совршено место за средба со есента е Градскиот парк во Скопје. Магијата на парко во есен е нешто посебно. Крцкањето на жолтите лисја под нозете, можеш само да го доживееш.
Богатство од есенски бои и колорит деновиве ни ги разубави градски парк. Ноемвриското сонце ја дополнува целокупната слика на есента која инстаграмџиите ни ја пренесуваат со своите фотографии.
Уживајте во нив како да сте таму.