Есенска дератизација во Кисела Вода

Општината Кисела Вода ја започна есенската дератизација, а со поставување мамки за глодачите започна од делот наречен бараки во населбата 11 Октомври. Според планираното, на целата територија на општината Кисела Вода ќе бидат опфатени вкупно 1.960 шахти.

Општината Кисела Вода ја реализира дератизацијата во соработка со Центарот за јавно здравје. Акцијата почна вчера и ќе се одвиваа во следните 15 дена. Мамки за глувците ќе се поставуваат во сите шахти на територијата на сите месни и урбани заедници во општината Кисела Вода.

Надлежните од општината велат дека стандардно секоја година напролет и наесен вршат дератизација, за да се уништат глодачите.