Есенска чорба од тиква

Есента е сезона на тиквите, а време е и за топли чорби кои ќе нè стоплат и ќе ни го подобрат расположението во постудените денови.

Ова е лесен рецепт за подготовка на убава чорба од тиква.

Потребни состојки:

500 гр. излупена и исечена тиква

100 гр моркови

1 л бистра супа

50 гр масло

половина главица  кромид

3 чешниња лук

1 голем компир

1 павлака

бибер

сол

Загрејте го маслото, а потоа додадете го кромидот и лукот исечен на парчиња. Додадете ги тиквата, компирот и морковите. Оставете да се омекнат, а потоа додадете ја супата. Штом завршите со варењето, на крајот додадете ги зачините. 

Ставете ја чорбата во блендер, а на крајот додадете ја павлаката. Чорбата е подготвена за дегустација.