Есента е сезона на тиквите, а време е и за топли чорби кои ќе нè стоплат и ќе ни го подобрат расположението во постудените денови.
Ова е лесен рецепт за подготовка на убава чорба од тиква.
Потребни состојки:
500 гр. излупена и исечена тиква
100 гр моркови
1 л бистра супа
50 гр масло
половина главица кромид
3 чешниња лук
1 голем компир
1 павлака
бибер
сол
Загрејте го маслото, а потоа додадете го кромидот и лукот исечен на парчиња. Додадете ги тиквата, компирот и морковите. Оставете да се омекнат, а потоа додадете ја супата. Штом завршите со варењето, на крајот додадете ги зачините.
Ставете ја чорбата во блендер, а на крајот додадете ја павлаката. Чорбата е подготвена за дегустација.