Ерос Рамацоти доаѓа во Скопје!

„После концертот на Sting, на Скопје ќе му се случи уште еден неверојатно голем музички настан.

Во рамките на својата светска турнеја „Vita ce n`e’“ која ќе ги опфати сите континенти, една од најголемите светски пејачки ѕвезди, Ерос Рамацоти ќе одржи концерт и во Скопје во ВИП Арената, на 30 септември 2019 година.

Нема потреба да се наведуваат епитети околу неговото име и кариера, доволно е само официјално да се објави дека Ерос ДОАЃА ВО МАКЕДОНИЈА!

Неговите концертни настапи се познати како едни од највозбудливите во историјата на поп музиката. Тој доаѓа во Скопје со комплетно своја продуцкија и Македонија ќе има шанса да види 100 отсто Ерос доживување низ годиниве, покажано и докажано како едно од највозбуливите во светската музичка индустрија.

Сите детали околу влезниците ќе бидат познати на ова исто место, утревечер во 21 часот.

Концертот на Еros Ramazzotti во Македонија е најексклузивен во цела Европа, исто како што беше и концертот на Sting, ако се земе во предвид капацитетот на салата.

Авалон Продукција освен во Скопје, го работи и концертот на Еros Ramazzotti во софиската арена „Армеец“ која е со капацитет од 16.000 посетители, а кој ќе се одржи на 03-ти октомври.

Влезниците за концертот на Ерос Рамацоти, ќе бидат пуштени во продажба онлајн исклучиво преку новиот тикет систем на Авалон Продукција, кој го има на avalon.mk, а исто така ќе има и продажна мрежа која ќе биде објавена утревечер со останатите информации, се вели во соопштението на Авалон продукција.