
Српската национална авиокомпанија „Ер Србија“ во претстојната зимска сезона неделно ќе реализира 14 лета на релацијата Белград – Скопје со што ги зголемува услугите кон македонскиот главен град – објави специјализираниот портал „Екс-Ју авиејшн“.
„Авиокомпанијата минатата недела закажа 14 летови неделно меѓу двата главни града од 25 октомври, што резултираше со двојна дневна услуга. Ревидираниот распоред претставува зголемување од првично планираните единаесет неделни ротации, како и од десетте неделни услуги што се вршеа во текот на претходната зимска сезона“ пишува „Екс-Ју авиејшн“.
Сите летови се планирани да се одржуваат со турбопропелерскиот авион ATR72-600.