Епидемијата со морбили нема да пројде туку така, предупредуваат епидемиолозите

Епидемијата со морбили нема да пројде туку така, предупредуваат епидемиолозите.

Првите случаи на заразени со морибили се појавија во декември, а веќе во јануари беше прогласена епидемија. Градинките ги затворија вратите за невакцинираните деца. 

Епидемиолозите сепак прстот за ширење на оваа заразно заболување го вперуваат кон родителите, бидејќи тие се одговорни за  судбината на своите деца, и дека епидемијата на морбили ќе продолжи се додека не се вакцинираат или имунизираат 90% од граѓаните.

Во последните неколку години на нашиот простор се повеќе се шират антивакцинални кампањи, и многу родители одбиваат да ги вакинираат своите деца.