„Епа нема да може вие да си ја покачите платата за 700 евра, а граѓаните да живеат со 350 евра“ – најава за нов граѓански протест

За првата половина од јуни, во Скопје се најававува уште еден граѓански протест, мотивиран од незадоволството на граѓаните заради покачувањето на платите на функционерите.

Протестот ќе се одржи на 7 јуни пред зградата на Владата на Република Македонија. 

- Единствениот човек кој може да се избори за подобро утре на вас е оној човек што секогаш кога ке застанете пред огледало го гледате!

Затоа ЈАС на 07.06.2023 во 11 часот ке бидам пред ВЛАДА и ке барам покачување од 78% на примањата на лицата со попреченост и покачување на платите на сите граѓани исто така за 78%, бидејки и по закон и по устав сите граѓани сме еднакви, епа нема да може вие ПОЛИТИЧАРИТЕ да си ја покачите платата за 700 евра, а граѓаните да работат за 350 евра цел месец, на кој му е убаво нека седи дома, нека не смета на оние на кој НЕ им е убаво, и размислуваат со своја глава!!! - напиша на својот Фејсбук профил, Благојчо Горгиев, активист на човекови права и програмски координатор во здружението „Хендикеп плус“.