Енормно загадување во Скопје

Вчера не се дишеше во главниот град. Речиси сите мерни станици беаво виолетовата зона, па аерозагадувањето беше далеку над дозволената норма.

Најзагадено во Ново Лисиче со 426 ПМ 10 честички на метар кубен, во Автокоманда 226, Карпош 252, Кисела Вода 290, Центар 155...

Ништо подобар не беше воздухот ниту во останатите градови. Па така, најзагаден вчера беше македонскиот туристички центар. Во Охрид мерната станица измери 438 ПМ 10 честички на метар кубен. Во Кавадарци 424, Струмица 378, Тетово 338, Штип 273, Велес 231.