Енергијата на полната Месечина може да ви донесе метеријално богатство

Месечината е небеско тело кое се наоѓа најблизу до нашата планета. Па, затоа и неговото влијание на нас и нашата планета е толку силно. Месечината особено влијае на водата, општо е познато дека феноменот на плима и осека е последица од месечевото движење, а замислете какво влијание има пак на човековото тело, кое е 72% вода.

Месечината има најголемо влијание кога е во „фаза“ односно кога е млада или полна месечина. Полната месечина, во речникот на астролозите претставува опозиција помеѓу месечината и сонцето. Односно, тоа е период кога месечината прима најмногу светлина и енергија од сонцето. 

Светлоста која зрачи од полната месечина претставува чиста енергија, која од сонцето се рефлектира кон нашата планета. Поради силината на таа енергија, многумина патат од несоница, бидејќи таа енергија прави дисбаланс во дневно-ноќниот ритам. Но, што се однесува до финансискиот план, оваа енергија е драгоцена. 

Според некои верувања, познатиот ритуал со црвената банкнота е делотворен, Имено, кога е полна месечина, треба да ја насочите банкнотата, по можност црвена кон месечината и силно да посакате таа да се намножи. Банкнотата потоа треба да ја потрошите наредниот ден. Слично на тоа, луѓето уште од древни времиња, медитирале гледајќи во месечината. Се верувало дека месечината со својата енергија ќе направи проблемите да исчезнат. Сходно на тоа дека месечината откако е полна, почнува да исчезнува, така и проблемите малку по малку ќе ги снема.