Енергетска фасада за гимназијата “Орце Николов”

Гимназијата „Орце Николов” е едно од средните училишта кое во новата учебна година ќе има енергетски ефикасна фасада во согласност со современите стандарди за рационализација и заштеда на електричната и топлинската енергија.

Внатре во гимназијата се врши и промена на внатрешната и надворешната столарија, реконструкција на подовите на училниците, партерно уредување, поставување бекатон на паркингот на училиштето и нови пет рефлектори за надворешно осветлување.

Според Шилегов, за енергетски фасади, санација на кровови, надворешна столарија, подови, електрика и греење на 19 училишта се обезбедени 60 милиони денари, средства обезбедени со пренамена на средствата предвидени за „Скопје 2014″.