Емотивно видео „Документарен журнал за недосонуваниот сон на Скопје“

Во текот на овој месец ќе се навршат 58 години од најкошмарниот ден во историјата на Скопје - разорниот земјотрес од 1963. 

Денеска нема да должиме многу, бидејќи сè што може да се каже за оваа несреќа е веќе кажано многупати. 

Останува само со стравопочит да се сеќаваме на оние кои настрадаа, а Скопје какво што било некогаш веќе никогаш нема да се врати. 

На Јутјуб се појави видео од краток документарец во кој се зборува токму за земјотресот и времето пред и по него. 

Погледнете!