Емотивна реклама која ја враќа надежта: Повторно ќе се гушнеме!

Заландо е eвропски бренд за он лајн купување кој е сместен во Берлин, Германија. Од него деновиве пристигнува една од најемотивните реклами со која праќаат порака дека никој од нас не ја разбрал моќта на прегратката, се додека таа не ни беше одземена. 

Прегратката не обединува и не прави да се чувствуваме како луѓе. Знаеме дека можеби сега чувството е како никогаш повеќе да не се гушнеме. Но, нема да биде вака засекогаш, велаат тие. 

Додаваат дека во оваа евокативна кампања го прифаќаме минатото и гледаме кон иднината, славејќи ја прегратката како универзален симбол на човечката врска и симбол на надеж, оптимизам и солидарност.  

Погледнете ја од почеток до крај и споделете ја со некој кој ви значи: