Емотивна приказна од Хематологија: 9-годишниот Никола е првиот донор на матични клетки во земјава со што ја спаси својата сестричка

Министерот за здрвство Венко Филипче денеска сподели емотивна приказна од скопската Клиника за хематологија.

Имено, 9-годишниот Никола е првиот донор на матични клетки во нашата земја со што ја спаси својата сестра Ана Марија на која тимот лекари ѝ изврши трансплантација на коскена срцевина со што девојчето ја победи опасната болест.

-Ана Марија и нејзиниот мал брат Никола се деца за восхит!  Ова деветгодишно весело момче што сака да биде фудбалер, е првиот донор на матични клетки во нашата земја со што ја спаси својата сестра. На Ана Марија и беше извршена трансплантација на коскена срцевина и таа ја победи опасната болест, напиша Филипче кој упати честитки до своите колеги за уште еден успех и триумф над опасната болест.

-Ова прекрасно семејство го запознав на Клиниката за хематологија, си заминаа од болница по долгиот третман кој го водеше стручниот лекарски тим на Клиниката. На Ана Марија и Никола им посакувам безброј среќни моменти и многу здравје, порача министерот за здравство.