Емотивна порака до поранешниот дечко: погрешно време за да ни успее љубовта

Јас не сум онаа која ја сакаш сега, туку сум онаа која подоцна ќе ти треба. Никогаш нема да те заборавам тебе, мојата прва љубов. Заедно правевме многу работи и сите ни завидуваа на среќата. Бевме млади и непромислени, што подоцна го покажаа и нашите најголеми грешки. 

Кога ќе помислам на вистинска љубов, зборовите кои ми доаѓаат на памет се стабила среќа, емпатија и обврски еден спрема друг. Кога сме млади, се чувствуваме непобедливо и мислиме дека баш се може да се случи. Како да поседуваме моќ да направиме се. За жал, вистинскиот живот не функционира така. 

Се пронајдовме еден со друг во незгодно време, на незгодно место. Реалноста е таква, некогаш го запознаваш вистинскиот во погрешно време. Очајот ниту одблиску не ги опишува моите чувства после нашата разделба, а со текот на времето сфатив дека е незрело од моја страна да ја обвинувам твојата незрелост за се. Зрелоста доаѓа откако ќе го искусиме светот. Не можев да бидам лута што и двајцата моравме да поминеме низ многу нешта. Некои љубови се осудени на крај, уште пред да почнат. 

Не сакаш преголема блискост со некој затоа што тоа носи премногу обврски. Си велиш, уште ми е рано да се врзувам, има време за тоа. Сепак, ќе дојде и тој ден кога и ти ќе почувствуваш потреба да се отвориш некому и нема да се плашиш од она што таа може да го види во тебе. Еден ден ќе бидеш спремен на сите тие работи. Не само што ќе ти требаат, туку и ќе сакаш да ги искусиш. Меѓутоа, тогаш времето нема да биде на наша страна. Кога ќе бидеш дораснат за сето тоа, јас веќе ќе бидам со друг. Ако некогаш ни се вкрстат патиштата, знај дека ќе ти посакам среќа и со задоволство ќе се потсетам на нашата љубов!