Емоционален детокс: Време е за пролетно чистење

Како што полека се подготвуваме за пролетта со менување на нашата облека, веројатно би требало да ги промениме и мислите и другите навики.

Photo by Vladislav Muslakov on Unsplash

Почетокот на пролетта вообичаено е период во кој се буди природата и во која настапува период на оптимизам и добро расположение. Но, не треба да го занемариме и пролетното чистење во нашиот живот, како на физичко, така и на ментално и емотивно ниво.

За почеток, треба да се позанимаваме со своите емоции. Што чувствуваме? Што чуваме во себе? Како што телото знае да насобере токсини и масти по тешката храна за време на зимскиот период, истото може да се случи и со нашите емоции. Што е она што треба да го оставиме зад себе? Како да ги освежиме своите мисли и да внесеме повеќе оптимизам во својот живот? Тоа се прашања кои се различни за секој од нас, но на кои треба да се обидеме да си дадеме одговор.

Но, како да знаеме дека ни е потребно емоционално чистење?

Ви се повторуваат исти ситуации

Веројатно се прашуваме како може секогаш да ни се случува истото? Тоа се оние околности во кои постојано се наоѓаме, а од кои ни изгледа како да не можеме да избегаме. Дали често преземате исти улоги во односите со другите?Дали тие постојано ви предизвикуваат исти чувства? Дали ви изгледа како да привлекувате исти луѓе во љубовта?

Тешко ви е да се фокусирате и да бидете присутни

Ова често се случува поради физички замор, но причините можат да бидат различни. Некои луѓе се едноставно премногу емоционално изморени, така што тешко им е да бидат тука и овде и постојано лутаат со своите мисли. Ако се чувствувате така, веројатно време е да се позанимавате со своите емоции. Симптомите кои веројатно ги чувствувате се нервоза, немир, кратко внимание и тн.

Се чувствувате како да немате цел

Се чувствувате како да не правите никаква разлика во светот и едноставно функционирате ден за ден. Иако сакате да сте среќни, немате конкретни цели на кои би сакале да се посветите за да бидете порадосни. Ова е нешто што често има смисла за луѓето на кои им е потребен емоционален детокс. Потрудете се да утврдите како точно се чувствувате и која е причината која довела до тоа. Тоа ќе ви помогне да се навратите на она што ве прави среќни и да се ослободите од емоциите кои не ви се потребни.

Лош сон

Можеби немате никаков јасен стрес, но вие лошо спиете. Треба да имате на ум дека необратените емоции крчкаат во вас и ако не се позанимавате со нив, тие ќе останат во вашиот живот, но ќе направат само поголем хаос. Недостатокот на добар сон е само еден од знаците на кои можете да обрнете внимание.