Емоции во Јане Сандански: Комитите на цел глас ја пеат „Излези Ѓурѓо“ (видео)

Атмосферата во сала Јане Сандански на само неколку минути пред почетокот на мечот од ЛШ каде македонски Вардар играше со Келн ја загреаа Комитите со помош на Стефан од Некст Тајм кој ја испеа акапела изворната „Ја излези Ѓурго“.

Долго ќе се памети овој меч на кој вардарци обезбеди втор фајнлфор по ред во Келн каде ќе се бори за одбрана на европската титула.