Емилијан Станковиќ ги мати сметките на СДСМ во Центар, ќе добие ли Богдановиќ црвен картон?

Поранешниот пратеник и влијатен член на скопското крило во СДСМ е најсериозен кандидат за градоначалник во општина Центар.  Влегувањето на Станковиќ во трката ќе значи и црвен картон за досегашниот градоначалник Саша Богдановиќ. Партиски извори брифирааат дека СДСМ е пред одлука за кандидирање на Станковиќ со што ќе се задоволат апетите на незадоволното скопско крило кое изминатиот период покажа сериозно незадоволство од кадровските одлуки на владејачката партија.

Според изворите повеќе од извесно е дека од играта излегува актуелниот градоначалник Саша Богдановиќ кој во последните години од мандатот покажал незадоволство од работењето на Премиерот Зоран Заев и со политиките значително се одалечил од концепсиската определба на  партијата.

Неофицијално, во партијата имало дилеми дали во трката да влезе и актуелната директорка на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, но дел од партиските функционери сметале дека лошиот ПР поврзан со справувањето со Ковид 19 пандемијата можел да влијае на бројот на гласови кој таа може да ги освои за парламентарните избори.

Скопје Инфо вчера објави дека неофицијално во трката за прв човек на општина Центар ќе влезе и Сашо Мацановски – Трендо.