Емилија Нацевска и Ана Митреска се именувани за вицегувернери на НБРМ

Во рамки на 60. седница на Собранието на Република Македонија, за вицегувернери на Народната банка на Република Македонија беа именувани Емилија Нацевска и Ана Митреска, кои по спроведен оглас беа предложени од гувернерката, Анита Ангеловска-Бежоска. Пред стапувањето на функцијата, тие дадоа свечена изјава пред претседателот на Собранието, Талат Џафери.

НБРМ изразува задоволство што и овојпат, Собранието на Република Македонија, без ниту еден глас против, и без ниту еден воздржан, застана зад определбата високиот професионализам да биде основниот двигател при раководењето, носењето на одлуките и севкупното работење на централната банка.

Само таквата, препознаена определба го гарантира континуитетот на успешното водење на монетарната политика и развојот на севкупното централнобанкарско работење во нашата држава.