Ема од Скопје: Животот во темнина ме натера да се изградам во силна личност

Дали во општество како македонското воопшто некој размислува како е да се биде без вид на македонските улици? Како изгледа еден ден во Скопје на слепо лице.

Навидум сме хумано општество, но во пракса не е така, многу луѓе сметат дека лицата со слепило се неспособни за самостоен живот или не се интелектуално надарени. Ако природата им го одземала едното сетило, со друго ги надарила, но во нашето општество овие лица се гледаат како помлаку вредни.

- Ако ние се сметаме за хумано општество тогаш треба меѓусебно да си помагаме. На улица доколку поминувате и забележите слепо лице ретко кој пристапува и му помага да ја премина улицата или да му каже кој број на автобус доаѓа, велат од Националниот сојуз за слепи на Р.Македонија.

Државните институции се слепи и глуви за потребите на лицата со оштетен вид. Овие лица се третираат како граѓани од трет ред,  тие по ништо не се разликуваат од останатите освен што живтот им приредил малку поинаква приказна.

Ема, од Скопје животот во темнина ја натерал да се изгради во силна личност. Видот го има изгубено уште како бебе во инкубатор.

-Ми беше тешко кога луѓето не ме прифаќаа, дома никогаш не ме третирале поинаку од сестра ми. Како дете бев затворена во себе имав одреден круг на пријатели, но тоа се промени, со текот на годините, сфатив дека важно е како јас ќе се поставам така и тие ќе се однесуваат. За разлика од другите слепи лица благодарение на моите родители одев во редовно образование иако немав литература со Браево писмо. Треба да бидеме рамноправна се може да се смени ако се потрудиме, вели Ема.