ЕМА: Бустер дозата го зајакнува имунитетот повеќе од што се очекуваше

Европската агенција за лекови дојде до заклучик дека бустер дозите на ковид-вакцините даваат повисока ефикасност од онаа која била очекувана. 

Тие ја продолжуваат заштитата од тешка болест и симптоми подолго отколку што се претпоставуваше, дури и при омикрон сој. 

Според ЕМА, засега нема податоци кои би наложиле на територија на Европа да се препорача и дополнителна бустер доза, односно тоа би била четврта доза на вакцината.