Елон Маск : Не ги следете правилата, следете ја сопствената логика

Ако некој има многу работа, тоа е Елон Маск, директор на Tesla и SpaceX. На своите 37 000 вработени, тој им испрати меил со интруктции како да бидат попродуктивни на работното место.

Неговите методи се многу неконвенционални, а би можеле сите да ги примениме за да бидеме попродуктивни и да си ја олесниме работата.

Ова се неговите совети:

Не ви се потребни многу состаноци

Долгите и чести состаноци ја уништуваат компанијата, а највеќе од се, го одземаат времето.  Избегнувајте ги освен ако не се работи за навистина важни работи.

Не седете на состаноците на кои не придонесувате

Ако отидете на некој состанок потрудете се да придонесете. Доколку не го правите тоа, не си го трошете своето време.

Избегнувајте кратенки и жаргони

Другите луѓе не ги разбираат секогаш кратенките. Потрудете се да објасните за што зборувате и да бидете јасни во комуникацијата.

Прескокнувајте ги своите шефови (ако е потребно)

Комуникацијата треба да биде брза и едноставна, а не бирократска. Секогаш кога можете да го прескокнете својот шеф, можете да го направите тоа.

Следете ја логиката, а не правилата

Потрудете се здравиот разум да биде ваш водич во работата. Ако слепото следење на правилата во комуникацијата не носи ништо, тогаш правилата не треба да постојат.