Елмас стана шампион на Италија: Доаѓам од мала земја како Македонија и создавам историја

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас го повтори успехот на легендарниот Горан Пандев и со Наполи ја освои титулата во италијанската Серија А.

Елмас заедно со неговите соиграчи го повтори успехот од пред 33 години, кога Наполи за последен пат го освои Скудетото.

-Ние доаѓаме од мали земји како Македонија, Косово, Грузија, Словачка, Нигерија и Камерун и создаваме историја. Сонот на Наполи се оствари, напиша Елмас на Инстаграм.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Elif Elmas (@elifelmas24)