Елизабет Гилберт е автор на неколку книги кои имаат моќ да го поттикнат нашето позитивно размислување и да ни помогнат да излеземе од тешките мигови на депресија и апатија.
Таа зборува за љубовта, животот, ранливоста и за обидот да се почне од почеток, а ова се некои од нејзините најмоќни реченици.
Не се извинувајте кога плачете, без тие емоции сите ние сме роботи.
Секој од нас е свесен колкава моќ носи во себе, особено во кризните времиња кога ни недостасува надеж, оптимизам и мотивација.
Скршеното срце е добар знак. Тоа значи дека нешто сме пробале.
Да се биде сакан и да се сака некого -. Тоа е човечка жртва која ги минува сите граници.
Во секој од нас постои пукнатина, така во нас влегува божјата светлина.
Да се сака друга личност е еден од најризичните потфати во животот. Штом посакате некого, навистина да го сакате, тоа е како да земете хируршка игла и да ја сошиете својата среќа на кожата на таа личност.
Добиваме живот, но наша должност е во животот да пронајдеме нешто убаво, без оглед на околностите.
Љубовта го придвижува Сонцето и сите други ѕвезди.
На крајот на краиштата, вие сте она што го мислите. Вашите емоции се робови на вашите мисли, а вие сте роб на своите емоции.
Некои денови се бројат, а други се одмеруваат.
Во некои моменти, морате да пуштите и да седите мирно и да дозволите задоволството само да дојде до вас.