Елитни ресторани и скапи штикли не се луксуз, вистински луксуз е да живееш како што сакаш

Не е луксуз да имаш скапа шминка и штикли, да одиш во елитни ресторани. Вистински луксуз е да живееш онака како што сакаш. Во удобни чизми и облека која ти се допаѓа или целосно без шминка. Да го јадеш она што го сакаш, да се дружиш со оние со кои ти е убаво, да бидеш со некого затоа што го сакаш, а не заради чувство на должност. Научете да го отфрлите непотребното, она што е застарено и истрошено, но чувајте го она што го сакате. 

Луксузниот живот не е „затоа што ти го заслужуваш тоа“, туку затоа што таа работа ви е сакана и ја цените. Лажичката која вашата сестра ви ја подарила. Маицата на вашиот татко, во која толку удобно спиете. Колачот според рецептот од вашата мајка. Бакнежот од саканиот човек. Интересни книги. Добри филмови. Омилените песни. Свежа постелнина. Чист стан. Животот кој ти самата си го избрала. 

Луксузен живот не е живот во кој постојано се нервираш за сѐ. Чорапите може да ти се наводенат. Телото може да ти добие неколку килограми повеќе. Пријателите не сакаат да го гледаат твојот омилен филм. Саканата личност може да те напушти. Можеби нема да го добиеш посакуваното унапредување. Сѐ може да се случи. 

Ако нешто не ти успее, тоа не значи дека тоа некако влијае на твојата вредност. Тоа само значи дека моментално работите не се баш по твој мерак. Луксузен живот значи да имаш можност да избираш. Да ги закрпиш чорапите или да купиш нови. Да го фрлиш колачот кој го загоре и да си нарачаш пица или да се обидеш да испечеш нов. Сама да гледаш филм или да излезеш со другарките. Да се препуштиш или да се бориш. Да побараш нова работа или да ги промениш околностите на моменталното работно место. 

Луксузниот живот значи да живееш според свои правила. Да одиш кон своите цели. Да не бараш оправдувања. Да не се откажуваш. Да не се правдаш за своите избори, соништа, интереси. 

Да бидеш во можност да кажеш: Не може да се однесуваш така со мене.

И да кажеш: Јас можам да го направам она што сум го замислила.