Овој еликсир успешно ги победува настинките – ги спречува кивавицата и кашлицата, ја намалува температурата.
Составен е од намирниците кои ги спречуваат воспаленијата,а содржат и витамини и минерали и многу хранливи материи.
Потребни состојки:
3 шолји превриена вода
1 изрендан ѓумбир
5 лажици јаболков оцет
5 лажици мед
2 стапчиња цимет, или 1 лажица цимет во прав
малку бибер и малку сол
Во превриената вода додајте ги ѓумбирот, јаболковиот оцет, циметот, биберот и солта. Промешајте ги сите состојки, па додајте мед кога напитокот ќе се олади до собна температура. Испијте го додека е уште топол.
Совет: Консултирајте се со доктор, ако имате некои желудочни тегоби.