Елена Ристевска прогласена за „Најдобар македонски уметник“ во Истанбул

Елена Ристеска е овогодишен добитник на наградата „Најдобар македонски уметник“ од церемонијата „Best of Rumeli 2021“ која се одржа во Концертната сала „Џамал ​​Решит Реј во Истанбул, Турција.

Елена блесна на сцената  каде се одржуваше церемонијата, а дел од атмосферата сподели на социјалната мрежа Инстаграм. 

Меѓу фотографиите, пејачката објави и една на која се гледа дека е во друштво на познатата Ханка Палдум (прогласена за „Најдобар босански уметник“и Биг Мама (Најдобар албански уметник). 

Наградите 'Best of Rumeli 2021' се организирани со цел да бидат најсилен мост кој ја поврзува Анадолија и балканскиот свет, а се во организација на Здружението на Балканската асоцијација Румелија под покровителство на Медиа Груп Демирен.