Елена Ристевска неутешна, Славиша беше дел од нејзиниот спот за песната „Опасно време“

Македонската позната пејачка Елена Ристевска се прости од актерот Славиша Кајевски чија смрт ја шокираше македонската јавност. 

Инаку, актерот беше дел од видеот спотот на Елена за песната „Опасно време“ во 2012.година, каде ја имаше улогата на нејзино момче. 

-Господе зошто овој човек?! Зошто уште еден предобар човек, млад живот и преталентиран актер?! Во шок и неверување сум!!! Во солзи.. не постојат зборови да ја опишат тагата… Славиша, напиша Елена и го сподели видео-спотот во кој учествува и Кајевски.