Во пресрет на јубилејниот 20-ти роденден на детскиот фестивал Поточиња, Елена Ристеска и Хорот Поточиња на публиката ѝ подарија песна полна емоции посветена на секоја мајка.
Ова е година во која и Елена заедно со Поточиња одбележува 20 години на сцената и токму со „Мамо Благодарам” заеднички го најавуваат јубилејното издание на фестивалот кој годинава ќе се одржи во мај.
„Оваа песна ја посветувам на сите мајки, мајки во најубава смисла, мајки кои се нашето сонце, пожртвувани и храбри се планини да поместат за своите чеда, мајки кои и дење и ноќе бдеат над своите чеда, мајки на кои децата им се приоритет пред сопствениот живот, мајки кои животот го делат на пред и после раѓањето на нивните деца… таква мајка е мојата мајка Десанка и мојата сестра. Ве сакам со целото свое срце“, порача Елена на Инстаграм.
Слушнете како звучи песната: