Електронска аукција: УЈП продава возила по багателни цени

Дваесет возила од брендовите Мерцедес, Форд, Опел, Даеву, Рено и други ќе понуди на продажба Управата за јавни приходи на јавна аукција што ќе се одржи на 13 февруари, годинава.

Почетните цени во зависност од моделот и староста на возилата се движат од педесетина илјади денари нагоре.

За работите кои се предмет на електронската аукција може да учествуваат само оние лица кои успешно се регистрирале и претходно уплатиле депозит во висина од 10% од утврдената вредност на движните/недвижните ствари, најдоцна до 07.02.2017 година (вторник) на трезорска сметка на Министерство на финансии 100000000063095, депозитна сметка на Управа за јавни приходи 0900515679-696-10, приходна шифра 725939, програма 20.

„Доколку депозитот е навремено уплатен, ќе добиете порака на вашата е-пошта (пријавена при регистрација за учество на електронската јавна аукција) дека ги исполнувате условите за учество на електронската јавна аукција.

Откако ќе креирате свој кориснички профил, пријавата и регистрацијата за учество на електронската јавна аукција и наддавање за движните/недвижните ствари можете да ги направите најдоцна до последниот рок за уплата на депозитот“, соопшти УЈП.

Условите за учество на јавното наддавање и Упатството за употреба на е-аукциите ТУКА.